Водата во фонтаната „Воин на коњ“ на плоштад „Македонија“ по вчерашните протести, денеска е обоена со црвена боја.
Активистите велат дека црвената боја ги симболизира жртвите на режимот.
На вчерашните протести, во фонтаната беше фрлен прашок за перење, за како што рекоа демонстрантите, да покажат дека ништо нема да ги испере криминалите на власта.