БАЈРАКТАРОВ МЕСТО НОВОТНИ НА ПСИХИЈАТРИЈА, СМЕНЕТИ 17 ДИРЕКТОРИ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

    БАЈРАКТАРОВ МЕСТО НОВОТНИ НА ПСИХИЈАТРИЈА, СМЕНЕТИ 17 ДИРЕКТОРИ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИСменета беше и директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова, на чие место дојде Катерина Ставриќ. (архивска фотографија)

    Нови директори денес добија 17 здравствени установи во земјава. Министерството за здравство информира дека сменети се директорите на пет клиники во Скопје, односно на местото на Антони Новотни на Клиниката за психијатрија именуван е Стојан Бајрактаров, а на Дигестивна хирургија на местото на Александар Караѓозов именуван е Зоран Караџов.

    На Клиниката за детски болести нова директорка е Катерина Ставриќ, која ќе ја замени Аспазија Софијанова, а на Неврохирургија нов директор е Владимир Рендевски, кој доаѓа на местото на в.д. директорот Илија Панговски, кој беше именуван неодамна откако долгогодишниот директор на оваа клиника Александар Чапаровски беше уапсен, а потоа и му беше одреден притвор под обвинение за земање мито.

    На Клиниката за максилофацијална хирургија на местото на Сузана Двојакова именуван е Славе Наумовски. Од директорското столче заминува и Емилија Велкова од Институтот за трансфузиона медицина и на нејзино местоа доаѓа Кочо Димитровски.

    Диме Коцев е нов директор на општата болница Кавадарци, а Димитар Стровјански е нов директор на општата болница Велес. Во Завод за физикална медицина и рехабилитација Скопје од денес директорка е Маја Манолева, во Весна Спировска во Здравствен дом Битола. На чело на Здравствениот дом Крива Паланка отсега е Бранко Стаменковски, а во Здравствен дом Кратово Љупчо Бојаџиев. Венцо Вијунов е нов директор на Здравствен дом Виница, а Гоце Неделковски на Здравствен дом Пробиштип. Нови директор на Здравствен дом Струмица е Љубица Митева, а на Заводот за слух, говор и глас Битола Дивна Најдовска.

    „Разрешен и економскиот директор на Клиниката за гастроентерохепатологија Николина Тарчуговска Милошевска“, велат од Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира