МАЛОЛЕТНИК ОСОМНИЧЕН ДЕКА ГО ПОДМЕТНАЛ ПОЖАРОТ НА МАТКА

    МАЛОЛЕТНИК ОСОМНИЧЕН ДЕКА ГО ПОДМЕТНАЛ ПОЖАРОТ НА МАТКАВо гасењето на пожарот на Матка учествуваа и два ер трактора на Дирекцијата за заштита и спасување.

    Малолетникот Л.Ш. (17) од Скопје е осомничен дека го подметнал пожарот на Матка на 3 август и против него ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
    Од МВР велат дека веднаш по пријавата за пожар во селото Долна Матка во близина на кајак клубот, односно шумата спроти реката Треска, на терен излегле полициски службеници од полициската станица Сарај, вработени од ЈП „Паркови Зеленило“ и ЦУК, a известен e и Јавен обвинител.

    „По превземените оперативни мерки и активности дојдено до сознание дека можен сторител на кривичното дело е Л.Ш. (17) од Скопје. По превземените оперативни мерки и активности дојдено до сознание дека можен сторител на кривичното дело е Л.Ш. (17) од Скопје за што од страна на СВР Скопје по комплетирање на целосната документација противе него ќе биде поднесена кривична пријава по член 227 од КЗ на РМ“, соопшти МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира