Во стариот дел на Охрид, на само неколку метри од Старата чаршија, се урна дотраена куќа за која што веќе подолг период се претпоставуваше дека ќе падне. За тоа беа информирани и надлежните локални власти. Остатоците од старата куќа речиси уништија едно паркирано возило.
Во стариот дел на Охрид има уште дваесетина дотраени куќи кои што можат да паднат во секој момент. Пред околу шест години, тогашната локална власт најави дека ваквите куќи ќе бидат урнати со општински пари сѐ со цел да се обезбеди сигурност на жителите од овој дел на Охрид. Дел од куќите беа санирани од локалците, дел од сопствениците, но на тоа се остана.