НЕМА ЛЕТАЊЕ СО ПАРАГЛАЈДЕРИ НА ГАЛИЧИЦА ПОРАДИ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИ И НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ

    НЕМА ЛЕТАЊЕ СО ПАРАГЛАЈДЕРИ НА ГАЛИЧИЦА ПОРАДИ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИ И НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИПоглед на Охридското езеро и Охрид од лет со параглајдер. (архивска фотографија)

    Страда целиот туризам во Охрид поради одлуката на Владата целосно да се забрани движење по шумите и националните паркови, како превенција од можни пожари, реагираат туристичките агенции и параглајдинг клубовите. Тие велат дека сега мора да откажуваат тури за летање со параглајдери, велосипедски и планинарски тури, во националниот парк Галичица, кои со месеци наназад биле биле закажани.

    „Овие тури не само што се закажани, туку се и платени. А сега не можеме да ги реализираме, ниту пак да ги одложиме за подоцна, оти не се знае до кога ќе трае забраната. Целиот туризам трпи, оти најголем дел од странците што доаѓаат во Охрид, доаѓаат на вакви тури “, велат од туристичките агенции од Охрид.
    Целосната забрана за двиење во шуми и национални паркови Владата, поточно Министерството за земјоделство ја донесе пред четири дена, бидејќи постои сомнеж дека големиот број пожари што ги имаше изминативе две недели во земјава се намерно подметнати. Освен забраната за движење во шуми, Министерството за земјоделство забрани и продажба на опожарено дрво. Оваа забрана же важи додека не се отповика, односно додека Владата не процени дека поминала опасноста.

    Зоран Вељановски, директор на Националниот парк „Галичица“, вели дека со оваа забрана приходи губи и паркот, но дека строго ја почитуваат. Тој објаснува дека туристичките агенции реагирале и во паркот поради забраната.
    „Ова е одлука на Влада и ние строго се прдржуваме до неа. Дел од туристичките агенции реагираа и кај нас, дека губат туристи, но тука ништо не можеме да смениме. Губиме и ние дел од приходот, бидејжи се наплаќа влез во Паркот, а се наплаќа и влезница за посета на врвот Магаро, или пак за посета на островот Голем Град. Но, одлуката е донесена и мора да ја почитуваме, а од друга стрна може и подобро вака, оти ваква суша и волку топло во Охрид никогаш не било. Од јуни наваму нема капка дожд паднато, а според прогносите и наредните недели ќе биде топло. Подобро да спречиме, отколку да се случи некој голем пожар“, рече Вељановски.

    Тој објаснува дека дежурни екипи од националниот парк постојано патролираат и ако наидат на некој што не чул за забраната или не знае дека не смее да си движи низ паркот, го предупредуваат и го вражаат назад. Влезница во Националниот парк е 200 денари, а исто толку се наплажа и за посета на врвот Магаро и за островот Голем Град. За летање со параглајдер националниот парк наплаќа по 300. денари. Освен влезница туристите или туристичките агенции треба да обезбедат и дозвола од Националниот парк.
    „Сега не даваме ни дозволи, ниту наплажаме дневнци. додека трае забраната никој не смее да се движи низ паркот, освен нашите екипи“, вели Вељановски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира