ЗАБРЗА ОТСТРАНУВАЊЕТО НА КОНФЕДЕРАЦИСКИТЕ СПОМЕНИЦИ ВО САД ПО НАСИЛСТВОТО ВО ШАРЛОТСВИЛ

    ЗАБРЗА ОТСТРАНУВАЊЕТО НА КОНФЕДЕРАЦИСКИТЕ СПОМЕНИЦИ ВО САД ПО НАСИЛСТВОТО ВО ШАРЛОТСВИЛТолпа демонстранти во понеделникот излегоа на плоштадот на конфедерацискиот споменик во Дурхан, Северна Каролина, и ја урнаа бронзената статуа. (Фото: АП)

    Заплашени од насилството околу планираното отстранување на конфедерациската статуа во Шарлотсвил, Вирџинија, градоначалниците на неколку американски градовите велат дека ќе ги здружат силите за да ги тргнат спомениците од јавните површини.

    Судирите помеѓу неонацисти и демонстранти кои што предизвикаа три смртни случаи во Шарлотсвил во неделата, вклучувајќи и двајца полицајци, чиј што хеликоптер се урна, значително ги забрзаа политиките за отстранувањето на споменици, знамиња и други симболи на конфедерациската кауза.

    Градоначалниците на Балтимор и Лексингтон, Кентаки, рекоа дека ќе продолжат со отстранување на спомениците од Граѓанската војна на Конфедерацијата, кои што се уште се тема за жестока дебата околу тоа дали тие претставуваат симболи на наследство или пак на омраза.

    Неколку противници на статуите сами се фатија за работа. Толпа демонстранти во понеделникот излегоа на плоштадот на конфедерацискиот споменик во Дурхан, Северна Каролина, и ја урнаа бронзената статуа. Снимки од локалните телевизии покажаа голем број на демонстранти кои еден по друг ја клоцаа и ја газеа турнатата статуа, додека десетици други викаа и навиваа.

    Во Балтимор, конфедерациски споменик на војник, прегрнат од фигура на ангел со крилја, бил бојосан во црвено, вандалско дело направено за време на викендот, изјави „Балтимор Сан“.
    Барањата на Движењето на групите за граѓански права да се отстранат спомениците на Конфедерацијата стана актуелни откога заколнат неонацист уби девет Афроамериканци во црква во Чарлстон, Јужна Каролина, во 2015 година. Како последица, знамето на Конфедерацијата беше симнато од зградата на локалната власт на градот.

    Вкупно од април, најмалку 60 симболи на Конфедерацијата низ градовите на САД биле отстранети или пак името им било сменето, според последните анкети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира