Шпанската полиција убила петмина осомничени терористи за да спречи уште еден напад со возило во градот Камбрилс, веднаш по сличниот напад во Барселона.
Убиените носеле појаси со експлозиви и се поврзани со претходниот напад, соопшти полицијата.
Тринаесет луѓе беа прегазени до смрт и стотина се повредени откако на познатата пешачка зона на авенијата Рамблас во Барселона терористи влетаа со комбе меѓу пешаците.
Меѓу повредените има и македонски граѓанин, кој во моментот на нападот бил во непосредна близина. Тој има скршеница на зглобот на ногата.
„Не е во животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби“, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.