САША САКА ДА МУ ГИ ЗЕМЕ ПАРКИНЗИТЕ НА КОЦЕ

    САША САКА ДА МУ ГИ ЗЕМЕ ПАРКИНЗИТЕ НА КОЦЕСаша Богдановиќ уште пред 4 години кога беше поставен за директор на општинското претпријатие за паркирање да ги добие од Градот паркинзите во Центар. (Фото: Фејсбук)

    Директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Саша Богдановиќ ќе ги бара паркинзите со кои што во Центар стопанисува ЈП „Градски паркинг“. Богдановиќ денес изјави дека испратиле допис до Владата, во кој бараат да го превземат паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“, со кој сега стопанисува Јавното претпријатие за станбен и деловен простор, а во иднина сака да ги добие и паркинзите што се во надлежност на Град Скопје.

    „Целта на ова барање е ЈП ПОЦ, во иднина, да ги добие и останатите паркиралишта во општина Центар со кои сè уште не стопанисува. Со тоа ќе го задоволиме барањето на центарци кои очекуваат нови резедентни пркиралишта, додека за граѓаните од другите општини ќе има повеќе простор да ги паркираат своите возила во централното градско подрачје“ рече директорот Богдановиќ.

    Богдановиќ уште пред 4 години кога беше поставен за директор на општинското претпријатие за паркирање да ги добие од Градот паркинзите во Центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира