Министерството за надворешни работи не знае зошто персоналот на српската амбасада во Скопје е повикан во Белград. Од таму известуваат дека вчера примиле нота од амбасадата на Србија во Скопје, со која биле известени дека персоналот на Амбасадата е повикан на консултации во Белград.
„МНР на Република Македонија не е запознаена со причините за оваа одлука и во тој правец воспоставува комуникација со МНР на Србија во насока на утврдување на причините за оваа постапка“, изјавија од македонското МНР.
„Согласно релевантните одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на амбасадата на Република Србија во Скопје“, се вели во соопштението на МНР.