АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО МАРСЕЈ, ЕДЕН ЗАГИНАТ

    АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО МАРСЕЈ, ЕДЕН ЗАГИНАТПолицијата врши увид на автобуската станица во Марсеј. (Фото: Ројтерс)

    Најмалку едно лице загина и други се повредени откако утринава во Марсеј автомобил влета во две автобуски станици во различни делови од градот на југот од Франција, соопшти француската полиција.

    Возачот првично удри во автобуска станица околу 8.15 наутро во 13. Област, посиромашен дел на градот, а по еден час влета и на друга автобуска станица во 11. област, неколку километри појужно..

    Полицијата побара од јавноста да ја избегнуваат зоната на Старото пристаниште, каде што 35-годишниот возач бил приведен.
    „Во моментот немаме информации за причината за нападот“, рече еден полициски службеник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира