ВУЧИЌ РЕЧЕ ДЕКА ИМАЛО АКТИВНОСТИ ПРОТИВ СРБИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, ЗАТОА СЕ ПОВЛЕЧЕНИ ДИПЛОМАТИТЕ

    ВУЧИЌ РЕЧЕ ДЕКА ИМАЛО АКТИВНОСТИ ПРОТИВ СРБИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, ЗАТОА СЕ ПОВЛЕЧЕНИ ДИПЛОМАТИТЕМинистерот за надворешни работи Никола Димитров на инаугурацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ на 24 јуни, 2017 (Фото: МИА/МНР)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека вработените во Амбасадата на Србија во Скопје се повлечени на консултации откако од разузнавачките служби добил доволно докази за, како што кажа, офанзивно делување против органите и институциите на Србија.
    „Безбедносните служби нè известија за силни разузнавачки активности во Македонија. Затоа Србија го повлече персоналот“, изјави Вучиќ за српските медиуми.

    Вучиќ додаде дека „се замешани и други сили“, без да прецизира кои се тие други сили и најави дека работите ќе станат појасни во наредните 10 дена.
    „Ќе има некои промени во нашиот персонал и да го заштитиме нашето пријателство со Македонците, а и како да се однесуваме во новото опкружување. Има многу шпекулации и мислам дека о наредните 10 дена сè ќе биде многу појасно“, рече Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира