Земјотрес од 3,6 степени го погоди популарниот италијански остров Искија во близина на Неапол при што загина една жена, а неколку згради се урнати.
Телевизиските снимки покажуваат дека околу шест загради во гратчето Казамичола и црквата се урнати. Извори во локалната болница изјавиле дека има многу пациенти со лесни повреди. Жената која загинала била удрена од парчиња од фасадата од црквата. Болницата е евакуирана па повредените се третираат надвор.
Земјотресот се случил во 20.57. Во градот нема струја.
Сепак, локалните власти велат дека ситуацијата е мирна и под контрола. Се стравува дека повеќе луѓе можеби се заробени под урнатините, а некои се исчезнати, па не се знае дали има повеќе жртви.