ПОЧИНАА ТРИТЕ БЕБИЊА ОД ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНАТА ТРОЈКА НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА

    ПОЧИНАА ТРИТЕ БЕБИЊА ОД ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНАТА ТРОЈКА НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈАТројката се родила завчера во 27-ма гестациска недела, а починале вчера.- Клиниката за гинекологија и акушерство (Фото: СДК.МК)

    На Клиниката за гинекологија вчера починаа три бебиња, кои се предвреме родена тројка, информираше Министерството за здравство. Бебињата биле родени завчера на Клиниката за гинекологија и акушерство, во 27-ма гестациска недела, откако мајката била хоспитализирана на Клиниката со болки во стомакот.

    „Жената е породена со царски рез во 27 недела со тројка. Породување е направено, бидејќи претходно и прснал воденикот и испаднала папочната врвца. За да не биде прекинат доводот на кислород, веднаш е извршено породување. Новороденчињата се прифатени од педијатар и акушерка во операциона сала. Спроведена е и примарна реанимација со аспирација, вентилација со маска и амбу и термостабилизација и во инкубатор сите три биле транспортирани на Одделение за интензивна неонатална нега и терапија“, велат од Министерството за здравство.

    Персоналот на Клиниката, како што велат од Министерство за здравство, во неколку наврати разговарал со семејството за да им ја објасни состојбата во која се новороденчињата, третманот и можните шанси за преживување.

    „За жал веќе следниот ден е констатирана смрт на сите три бебиња. Министерството за здравство веднаш по добивање на информациите формираше комисија за стручен надзор, која детално ќе го испита случајот, за да утврди дали во целокупниот третман на родилката и новороденчињата е постапено согласно протоколите и медицина базирана на докази. Комисија за надзор формираше и Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, велат од Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира