Познат по прекрасните плажи, медитеранскиот остров Сардинија почна да ги казнува туристите кои го земаат песокот од плажите како сувенир.
Според законот што стапи на сила на 1 август, четворица туристи веќе добија казна од по 1.000 евра затоа што пробале да земат песок, камчиња и школки за дома.
Биле фатени на скенер во аеродромот Елмас во Градот Каљари.
Во 2015 година, само за време на трите летни месеци на скенерите во аеродромите Елмас , Алгеро и Олбиа кај туристите кои ја напуштале Сардинија биле пронајдени 5 тони песок.
На фејсбук страницата насловена „Сардинија ограбена и опустошена“ луѓето постираат слики од пластични шишиња и ќеси полни со сувенири од плажа. Фејсбук групата предупредува дека земањето песок за дома сега е незаконско.
Според законот „оној што ќе земе или ќе продава ситници од плажа ќе биде казнет со казна од 500 до 3.000 евра.