МОНАКО ПРОДАДЕ ФУДБАЛЕРИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 330 МИЛИОНИ ЕВРА

    МОНАКО ПРОДАДЕ ФУДБАЛЕРИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 330 МИЛИОНИ ЕВРАНа 18 години доби годишна плата од 15 милиони евра. - Килијан Мбапе (Фото: АФП)

    Францускиот првак Монако е апсолутниот победник на летниот преоден рок, откако продаде фудбалери во вредност од 330 милиони евра.

    Половина од оваа сума отпаѓа на 18-годишниот Килијан Мбапе, кој ќе се пресели во локалниот ривал Пари Сен-Жермен за 180 милиони евра, со што стана вториот најскап фудбалер на сите времиња. Таму ќе има годишна плата од 15 милиони евра.

    Откако ја освоија титулата во Франција и стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампионите, беше јасно дека играчите на Монако ќе станат најатрактивни на пазарот и клубот добро го искористи тоа.

    Прв реагираше Манчестер сити, кој ги доведе Бенжаман Менди и Бернардо Силва за вкупни 108 милиони евра, при што францускиот дефанзивец беше поскап за осум милиони.

    Кај Монако пазаруваше и Челзи, кој издвои 40 милиони евра за играчот од средниот ред, Тјемуе Бакајоко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира