ПАРИЗ ОТВОРИ ПАРК ЗА НУДИСТИ

    ПАРИЗ ОТВОРИ ПАРК ЗА НУДИСТИНудистите во Париз долго време бараа од градските власти да им вакво зелено катче за одмор - паркот во главниот град ба Франција - (Фото: АФП)

    Главниот град на Франција Париз отвори парк за голи луѓе. Тесна патека води кон малку затскриениот резерват за птици во Винсенската шума, каде што десетина угул голи парижани уживаат сонце одмарајќи на тревата.

    Нудистите во Париз долго време бараа од градските власти да им обезбедат вакво зелено катче за одмор. Во Франција има повеќе од 400 нудистички кампови над 2.5 милиони луѓе практикуваат нудизам, но ова е прв таков парк во урбана средина. Во Париз само еден јавен базен дозволува капење без костуми за капење и гаќички, ама само три пати неделно.

    Од Кабинетот на градоначалникот велат дека отварањето на нудистичката област во главниот град, иако е во експериментална фаза, е „дел од слободумната визија за користење на париските јавни простори“.

    Паркот е отворен од 8 наутро до 7.30 навечер. Знаци со предупредување се поставени на приодите кон паркот за минувачите кои не сакаат да шетаат голи низ шумата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира