Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, можно е да се кандидира како независен кандидат на претстојните локални избори, објави агенцијата МЕТА.
Од агенцијата велат дека тој ги собрал законски потребните потписи за независна кандидатура, но не се прецизира нивниот број.
Членот 62 од изборниот законик пропишува дека во општини во кои живеат помеѓу 30.001 и 50.000 жители, за независна кандидатура се потребни најмалку 250 потписи од запишаните избирачи во избирачкиот список.
Според роковите на ДИК, независните кандидати имаат рок до понеделник да поднесат потписи за кандидатура.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сè уште немаат објавено кој ќе биде нивни кандидат на изборите.