МОМЧЕ СЕ ОНЕСВЕСТИ ДОДЕКА ЗБОРУВАШЕ ГРУЕВСКИ, НИКОЈ НЕ СЕ МРДНА ДА НЕ СЕ РАСТУРИ РЕДОТ

    МОМЧЕ СЕ ОНЕСВЕСТИ ДОДЕКА ЗБОРУВАШЕ ГРУЕВСКИ, НИКОЈ НЕ СЕ МРДНА ДА НЕ СЕ РАСТУРИ РЕДОТ На снимката што ја емитуваше ТВ Телма во вестите во 18.30 часот се гледа дека едно од момчињата што стојат зад лидерот на партијата премалува и паѓа. (Фото: Телма/принтскрин)

    Момче се онесвести денеска за време на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по повод 100-те дена Влада. На снимката што ја емитуваше ТВ Телма во вестите во 18.30 часот се гледа дека едно од момчињата што стојат зад лидерот на партијата премалува и паѓа, но никој не се вознемирува за да не се растури протоколот.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски денеска оцени дека Владата на Заев ја води земјата во катастрофа на сите полиња и повика на 15 октомври граѓаните на локалните избори да гласаат масовно за коалицијата предводена од неговата партија. Според него, тоа ќе биде доволно да се распишат нови парламентарни избори за да може ВМРО-ДПМНЕ да освои повеќе од 51 пратенички места.

    На веб порталите кои обично во живо ги седат обраќањата на Груевски нема постирано видео.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира