Каја Гербер, 16-годишната ќерка на прославената манекенка Синди Крофорд, го имаше своето деби на модните писти, носејќи дел од колекцијата на Келвин Клајн за пролет/лето 2018 на њујоршката модна недела.
Нејзината мајка од првиот ред го проследи настанот, што многумина ги врати назад во времето. Носејќи модели од Дона Каран, Синди Крофорд за првпат стапна на модната писта во 1991 година и иако модата многу се смени оттогаш, двете избраа класичен американски дизајнер за своето деби.
„Таа има 16 години и сега веќе смее да работи. Беше извонредна, изгледаше смирено и самоуверено. Многу сме горди со неа. Единствениот совет што и го дадов беше да биде одговорна, љубезна и професионална во работата. И да не гледа во телефон цело време“, изјави Крофорд, чиј 18-годишен син Присли е, исто така, модел.
Каја Гербер претходно стана заштитно лице на Марк Џејкобс и се појави на насловната страница на „Тин воуг“.