ТАЊА БОШКОВИЌ ЈА ОСВОИ „РИСТО ШИШКОВ“ ЗА НАЈДОБРА АКТЕРСКА ИГРА

    ТАЊА БОШКОВИЌ ЈА ОСВОИ „РИСТО ШИШКОВ“ ЗА НАЈДОБРА АКТЕРСКА ИГРАСрпската актерка Тања Бошковиќ ја доби наградата на струмичкиот фестивал за „Солзите се ОК“ од Мирјана Бобиќ-Мојсиловиќ во продукција на театарот Звездара од Белград (Фото: СДК.МК)

    Српската актерка Тања Бошковиќ  ја доби наградата за високи актерски достигнувања „Ристо Шишков“ на  истоимениот  Фестивалот на камерен театар што се одржа во Струмица. Единственото признание Бошковиќ го доби за улогата на Марија Клаиќ во преставата „Солзите се ОК“ од Мирјана Бобиќ-Мојсиловиќ, во продукција на театарот Звездара од Белград. Според жирито предводено од ланскиот лауреат босанскиот актер Зијах Соколовиќ, Бошковиќ со својата перфектна актерска игра успеала низ повеќе форми да направи одлична комуникација со публиката.

    „Ми преставува голема чест што ја добив наградата ‘Ристо Шишков’ која е посветена за актерската игра. За мене значи многу ова признание и задоволна сум од македонската публика како ја  прими преставата која ја играв. Се надевам дека нема да бидам за последен пат во Струмица“, рече Бошковиќ.

    Бошковиќ доби златен медаљон со ликот на бардот на македонското глумиште Ристо Шишков и парична награда од 1.500 евра, а во нејзина чест беше одиграно кабарето „За добрите стари времиња“. За единствената награда на фестивалот конкурираа 40-тина актери од земјава, Косово, Бугарија, Србија и Босна, кои во петте фестивалки денови  играа во 13 претстави.

    В. ТРАЈКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира