НАД 100 МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЕКСИКО, СЕ СЛУЧИ НА ИСТИОТ ДАТУМ КОГА И КАТАСТРОФАТА ВО 1985 ГОДИНА

    НАД 100 МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЕКСИКО, СЕ СЛУЧИ НА ИСТИОТ ДАТУМ КОГА И КАТАСТРОФАТА ВО 1985 ГОДИНАОва е најсмртоносниот земјотрес во Мексико од 1985 година, кога имаше илјадници загинати (Фото: АП)

    Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди централното Мексико, убивајќи најмалку 119 луѓе. Тој бил силно почувствуван и во главниот град Мексико Сити, што се наоѓа само 75 километри од епицентарот, а бил на длабочина од 51 километар.

    Десетици згради се целосно или делумно уништени во густо населените делови на Мексико Сити и во поблиските држави. Градоначалникот Мигел Анхел Мансера изјави дека на 44 места во градот има урнати згради.

    Ова уште сега е најсмртоносниот земјотрес во Мексико од 1985 година, што се случи токму на овој датум, кога имаше илјадници загинати, а уследи само две недели по уште еден моќен земјотрес, што однесе 90 животи.

    Земјотресот удрил само неколку часа по низа комеморативни настани, што се одржаа во чест на трагедијата од пред 32 години.

    Мансера изјави дека само во главниот град има најмалку 30 мртви, додека во државата Морелос бројката е уште поголема – 54.

    Властите објавија дека се уште има луѓе заробени во урнатините.

    „Мора да бидеме многу внимателни, но времето не е на наша страна“, изјави федералниот министер за внатрешни работи, Мигел Анхел Осорио Чонг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира