НА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ КОИ СЕДАТ ДОМА И ЗЕМААТ ПЛАТА ЌЕ ИМ НАЈДЕМЕ МЕСТО ПО ИЗБОРИТЕ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ

    НА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ КОИ СЕДАТ ДОМА И ЗЕМААТ ПЛАТА ЌЕ ИМ НАЈДЕМЕ МЕСТО ПО ИЗБОРИТЕ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ„Чекаме да завршат изборите, бидејќи не можеме да вработуваме во изборниот период, па ќе бидат распределени на работни места во државната администрација“, рече министерот Дамјан Манчевски (Фото: СДК.МК)

    Лицата кои се вработени, земаат плата од државата, а седат дома, по изборите ќе им се најде место во државната администрација. Ова денес го кажа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој даде отчет за сработеното во неговото министерство во првите 100 дена на Владата.

    „Постои силна политичка волја да се реши ова прашање. Во јавноста постои притисок во однос на овие лица кои седат дома и земаат плата и тоа е добро. И самите лица бараат да бидат распределени на работни позиции и тие не сакаат да седат дома. Чекаме да завршат изборите, бидејќи не можеме да вработуваме во изборниот период, па ќе бидат распределени на работни места во државната администрација“, рече Манчевски.

    Преку Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор вработени се 1.600 лица, кои седат дома и земаат плата. Според министерот Манчевски овие 1.600 лица се од различна мешан етнички состав.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира