Џулија Луис Драјфус, наградуваната актерка од американската ТВ серија „Потпретседателка“ (Veep), објави дека има рак на дојка, во порака на социјалните мрежи.
„1 од 8 жени добиваат рак на дојка. Денес јас сум таа“, напиша Драјфус на Твитер.
Во објавата, таа додаде дека добрата вест е што има прекрасно семејството и пријатели кои ја поддржуваат, како и фантастично здравствено осигурување. Актерката, која има 56 години, месецов ја доби рекордната шеста по ред Еми награда за главна улога, токму за нејзината улога во серијата „Потпретседателка“ на ХБО.
Во „Потпретседателка“, нејзиниот карактер почнува како невлијателен американски потпретседател, чии обиди да ја прошири улогата во политичкиот живот завршуваат неуспешно.
По објавата дека има рак на дојка Луис Драјфус доби голема поддршка од други актери и познати личности. Кристина Еплгејт, која имаше двојна масектомија во 2008 година по дијагнозата дека има рак на дојка, ѝ кажа на Луис Драјфус да ја контактира ако сака да разговара.
Just when you thought… pic.twitter.com/SbtYChwiEj
— Julia Louis-Dreyfus (@OfficialJLD) September 28, 2017