ИВАНОВ БАРА ОД СДСМ ДА ГИ ОТКРИЕ ТРАНСФЕРИТЕ НА ФИРМАТА НА ШУРА МУ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ БАРА ОД СДСМ ДА ГИ ОТКРИЕ ТРАНСФЕРИТЕ НА ФИРМАТА НА ШУРА МУ

    Кабинетот на претседателот ја повика СДСМ да го објави секој трансфер на пари преку фирмата на братот на сопругата на Иванов, Маја, за којашто портпаролот на опозициската партија Петар Шилегов тврди дека била основана со основачки влог на панамска фирма.

    „Ја повикуваме политичката партија СДСМ веднаш да го објави секој трансфер на пари преку таа фирма и да ги соопшти сите кои биле вклучени во било што на таа фирма, која патем е основана во Скопје и никогаш не проработела. Во спротивно, Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд“, стои во реакцијата на Кабинетот на претседарелот.

    Петре Шилегов, потпарол на СДСМ покажа документи од Централниот регистар и обвини дека братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски имал бизнис релации со фирмата ЛИП Корп Панама Сити од Панама. Таа фирма, како што тврди Шилегов е основач и сопственик на фирмата Делфино травел Балканс. Братот на првата дама Маја Иванова, Сашо Тоневски е еден од сопствениците и управител на фирмата „Делфино травелс Балканс“.

    „Пред само неколку дена, или во време кога почна да се шири скандалот со перењето пари во панамски фирми, „Делфино травел Балканс“ згаснува и ја бришат од Централен регистар, објави Петар Шилегов, портпаролот на СДСМ.

    Во реакцијата на Кабинетот на претседателот се вели дека „Делфино травел Балканс“ e основана во 2009 година во Скопје со сметка во ТТК Банка во Скопје и е избришана од Централен регистер во 2015 година.

    Од таму велат дека „обидот преку лаги и манипулации да се претстави семејството на Претседателот Иванов како дел од криминална банда е крајно недолично и неодговорно однесување на една политичка партија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира