ДОКТОР УГРИНОВСКИ ГО ПОДАРИ МЕЧЕТО ШТО ГО СПАСИ НА ШТИПСКАТА ЗООЛОШКА

    ДОКТОР УГРИНОВСКИ ГО ПОДАРИ МЕЧЕТО ШТО ГО СПАСИ НА ШТИПСКАТА ЗООЛОШКАНеврохирургот Јовица Угриновски лично учествуваше во транспортот на мечето од скопската Зоолошка во штипскиот ЗОО парк (Фото: СДК.МК)  

    Проф. д-р Јовица Угриновски на Зоолошката градина во Штип  ѝ го подари мечето Теди, кое што го спаси пред неполни две години, а ќе биде и донатор на храната што мечето ќе јаде до крајот на животот.

    „Мечето пред 17 месеци ми го донесе полицијата која го нашла повредено во близина на преминот Блaце. Го оперирав и го спасив. Мечето е од расата урсиде. Подоцна го дадов на чување на Зоолошката во Скопје, а сега се согласив мечето да биде преотстапено на чување во ЗОО во Штип“, вели неврохирургот Угриновски.

    „На мечето му обезбедивме адекватно живеалиште и веднаш стана милениче на децата кои во голем број ја посетуваат Зоолошката во Штип што ја отворивме пред две години. Веќе имаме стотина разни видови животни, најмногу разновидни птици, но ги очекуваме и најавените мајмунчиња. Дотогаш атракција ќе биде мечето Теди и му ветуваме на професорот Угриновски дека ќе го чуваме грижливо како и останатите животни “, вели Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“ во чии рамки работи Зоолошката во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира