УСТАВНИОТ СУД ЗАБРАНИ ПРОГЛАСУВАЊЕ НЕЗАВИСНОСТ НА БАРАЊЕ НА КАТАЛОНСКИТЕ СОЦИЈАЛИСТИ

    УСТАВНИОТ СУД ЗАБРАНИ ПРОГЛАСУВАЊЕ НЕЗАВИСНОСТ НА БАРАЊЕ НА КАТАЛОНСКИТЕ СОЦИЈАЛИСТИПоддржувачите на референдумот и натаму демонстрираат на улиците на Каталонија (Фото: ЕПА)

    Уставниот суд на Шпанија го забрани одржувањето на најавената седница на каталонскиот парламент в понеделник, во обид да го спречи едностраното прогласување на независност.

    Судот соопшти дека тоа би значело кршење на уставот. Претходно, и шпанскиот премиер Маријано Рахој испрати исто предупредување до каталонските власти.

    Лидерот на Каталонија, Карлес Пуигдемонт, најави дека одлуката за прогласување независност ќе се донесе кон крајот на оваа или во почетокот на наредната недела.

    Уставниот суд заседаваше не на барање на владата во Мадрид, туку на Социјалистичката партија на Каталонија, која се противи на отцепувањето на регионот.

    „Ако му се дозволи на регионалниот парламент да се состане и да прогласи независност, тоа би значело кршење на правата на пратениците од редовите на оваа партија“, заклучи судот.

    Социјалистите освоија 13% гласови на изборите во 2015 година и имаат 13 пратеници во каталонскиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира