АЛКАЛОИД СО ИСТИОТ ТИМ JA БРАНИ ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА ВО ШАХ

    АЛКАЛОИД СО ИСТИОТ ТИМ JA БРАНИ ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА ВО ШАХПовторно со највисоки амбиции на Европскиот клупски куп. - Шахистите на Алкалоид со лани освоениот трофеј (Фото: ЕКК)

    Актуелниот европски првак Алкалоид повторно ќе има највисоки амбиции на најсилното клупско шаховско натпреварување и ќе се обиде да ја одбрани титулата со истиот тим, со кој лани го оствари најголемиот успех во историјата на македонскиот шах.

    Европскиот клупски куп ќе се одржи во Анталија (Турција) од 8 до 14 октомври и најголеми конкуренти на Алкалоид ќе бидат трите руски тима Глобус, Медни всадник и Легаси сквер капитал.

    Во составот на Алкалоид повторно ќе бидат по двајца врвни велемајстори од Кина, Украина и од Русија, како и најдобрите македонски шахисти Трајко Недев, Драгољуб Јаќимовиќ и Филип Панчевски.

    Динг Лирен и Ју Јангји освоија злато со Кина на Шаховската олимпијада во 2014 година. Дмитри Јаковенко и Дмитри Андрејкин го сочинуваат рускиот тандем во тимот на Алкалоид и тие имаат освоено низа медали на ЕКК.

    Павел Ељанов е носител на две олимписки злата со украинската репрезентација, додека неговиот сонародник Јури Криворучко е дел од Алкалоид веќе шест години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира