ЧЕСТИТО АБОЛИЦИЈА – ГЕРИЛА АКЦИЈА НА ДОКТОРАТОТ НА ЈАНКУЛОСКА ВО БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Битола,(МЕТА)

    ЧЕСТИТО АБОЛИЦИЈА – ГЕРИЛА АКЦИЈА НА ДОКТОРАТОТ НА ЈАНКУЛОСКА ВО БИТОЛА

    Група млади битолчани утринава со герила-акција ѝ го честитаа докторатот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, јавува МЕТА.

    Со транспарент „Честито аболиција“, двајца млади луѓе влегле на свечената промоција на доктори на науки, во ректоратот на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, каде Јанкулоска свечено била промовирана за доктор на науки на Факултетот за безбедност.

    Упадот ги остави без збор присутните во салата. Дури пет минути по настанот, ректорот на Универзитетот, Сашо Коруновски, им се извини на присутните.

    Фото: МЕТА

    Фото: МЕТА

    „Се извинуваме за инцидентот. Со гордост можеме да кажеме дека секој кандидат што успеал да стигне до титулата доктор на науки како степен на стручна подготовка, поминал низ сериозен процес на селекција“, рече Коруновски, повторно извинувајќи се за инцидентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира