ПОЛСКА ГО ОДРЖА ПРВИОТ СВЕТСКИ ИЗБОР НА МИС ЗА ЖЕНИ ВО КОЛИЧКИ

    ПОЛСКА ГО ОДРЖА ПРВИОТ СВЕТСКИ ИЗБОР НА МИС ЗА ЖЕНИ ВО КОЛИЧКИНа изборот учествуваа 24 жени од 19 држави, а круната замина за Белорусија (Фото: АП)

    Полска фондација го организираше првиот меѓународен избор на мис за жени во инвалидски колички, во обид да ја промени перцепцијата на јавноста за лицата со телесен инвалидитет.

    Белорусинката Александра Чичикова, 23-годишна студентка по психологија, беше крунисана во Мис инвалидска количка, на изборот што се одржа во Варшава, а на кој учествуваа 24 млади жени од 19 држави. Зад неа се пласираа Јужноафриканка и домашната претставничка.

    Настанот го организираше фондацијата „Само еден“, која беше основана од две жени-инвалиди, кои се обидуваат да ги урнат бариерите, со кои секојдневно се соочуваат луѓе во колички.

    „Сакаме да ја промениме сликата за жените во инвалидска количка. Тие имаат право да бидат сѐ што ќе посакаат и да се чувствуваат убаво“, велат од фондацијата.

    Ваков избор на мис се одржува во Полска веќе четири години, но сега за првпат доби меѓународен карактер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира