ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОЖАЛИ НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ, НЕ КАЖУВА РЕЗУЛТАТИ

    ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОЖАЛИ НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ, НЕ КАЖУВА РЕЗУЛТАТИНа првата прес-конференција вечерва на ВМРО-ДПМНЕ се обрати членот на Извршниот комитет на партијата Никола Србов. (Фото. СДК.МК)

    На првата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по затворање на гласачките места, членот на ИК Никола Србов кажа дека изборниот ден поминал со многу нерегуларности, за кои што изготвиле извештаи и ги информирале меѓународните претставници. Резултати воопшто не кажа со објаснување дека сè уште се обработуваат податоците.

    „Изборниот ден помина со многу нерегуларности, се узурпираа државни ресурси, се носеа луѓе организирано на гласање. Во Охрид се појавија гласачки ливчиња од општина Карпош. Треба да бидеме среќни што нема нови жртви и повредени. За сите нерегуларности изготвени се извештаи и информирани се меѓународните претставници”, рече Србов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира