НА БИЗНИС САМИТ ВО СКОПЈЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ЕЛЕКТРОМОБИЛИ НА БАЛКАНОТ

    НА БИЗНИС САМИТ ВО СКОПЈЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ЕЛЕКТРОМОБИЛИ НА БАЛКАНОТНа бизнис САМИТ100 ќе дискутираат над 50 бизнис лидери од Југоисточна европа, и четворица премиери. Самитот се одржува по шести пат, а овој пат во Скопје. Живко Мукаетов, директор на Алкалоид и претеседател на управниот одбор на САМИТ100. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Меморандум за соработка ќе потпишат денес компаниите од балканските земји во рамки на дводневниот бизнис САМИТ 100 што се одржува во Скопје. Главна тема на годинешниот шести по ред бизнис самит на земјите од Југоисточна Европа е како компаниите од регионот да се поврзат и заеднички да настапат на странските пазари. Живко Мукаетов, директор на „Алкалоид АД“ Скопје и претседател на управниот одбор на САМИТ 100, рече дека на самитот ќе се разговара за развој на енергетијата, како дигитализацијата да се искористи за подобра поврзаност меѓу компаниите, како и за можноста за реализација на Едисон проектот, кој е договорен лани на петиот бизнис самит што се оддржа во Сараево.

    Едисон проектот предвидува електрификација на патиштата во целиот регион, односно поставување на полначи за електромобили, подобра патна и транспортна инфраструктура.

    Изток Селјак, главен извршен директор на Хадриа и член на бордот на САМИТ 100, рече дека проектот Едисон треба да обезбеди зелена мобилност меѓу компаниите и граѓаните од регионот, и дека овој проект веќе почнал да се реализира во Словенија и Хрватска. Тој кажа дека предвидено е проектот да се шири и во останатите балкански земји со поставување на инфраструктура и полначи за електрични автомобили, потоа преку создавање зелен такси превоз, или идејата за „кар шеринг“, односно повеќе луѓе да делат еден автомобил.

    Идејата на овој проект е да се создаде зелен коридор од Љубљана до Скопје, од Белград до Тирана и Приштина, во должина од 1.400 километри. Едисон ќе биде европски проект, бидејќи ќе биде презентиран пред европските тела во април следната година“, рече Селјак.

    Според него многу е битно балканските земји да ги искористат средствата од европските фондови кои им стојат на располагање и ова транспортно поврзување да го направат пред и официјално да влезат во унијата, а да ги искористат искуствата од Словенија и Хрватска, кои веќе се ЕУ членки.

    Мукаетов рече дека веќе почнале со лобирање да се направат одредени законски решенија, со кои ќе се овозможи имплементација на овој проект.

    Едисон проектот почна со реализација пред околу година и пол и веќе има неколку града каде се поставува оваа инфраструктура, и дека неговата целосна реализација може да оди многу брзо, бидејќи имаме на располагање средства од европските фондови.

    Треба да се потрудиме и ние да покажеме дека како земја имаме капацитет да реализираме еден таков проект. Компаниите ќе имаат огромен бенефит од него, бидејќи ќе се надминат одредени проблеми со кои се соочуваме, како што е долго стоење на робата на одредени граници, немање директна врска на Скопје со Сараево и Подгорица“, рече Мукаетов.

    На самитот зборуваше и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц, која кажа дека загадувањето од издувните гасови, лошата транспортна поврзаност и сообраќајните несреќи ја чинат многу економијата, бидејќи се зголемени здравствените трошоци, а се губат и човечки животи, во кои претходно е инвестирано. Таа кажа дека Европската унија ќе ја поддржи реализацијата на проектот.

    На самитот е предвидено да зборуваат над 50 бизнис екесперти, а за утре е предвидена и премиерска дискусија, на која ќе учествуваат: Зоран Заев на Македонија, Гора Душко Марковиќ на Црна Гора, Рамуш Харадинај на Косово, Еди Рама на Албанија, како и претседателот на советот на министри на Босна и Херцеговвина Денис Зиздиќ.

    Е.БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира