АЛФИ ВЛЕГОА КАЈ СТЕВЧО, ПО ПРИЈАВА ДЕКА ИЗНЕСУВА ДОКУМЕНТИ ОД ОПШТИНАТА, ТОЈ ИЗНЕСУВАЛ ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ

    АЛФИ ВЛЕГОА КАЈ СТЕВЧО, ПО ПРИЈАВА ДЕКА ИЗНЕСУВА ДОКУМЕНТИ ОД ОПШТИНАТА, ТОЈ ИЗНЕСУВАЛ ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ„Не се изнесуваа никакви документи.Дел од вработените ми ги пакуваа личните работи оти мислеле дека денеска ќе биде примопредавањето“, рече Јакимовски. (Фото:Фејсбук)

    Полициската единица Алфи и инспектори од стопански криминал денеска влегоа во просториите на Општина Карпош оти имале дојава дека се изнесуваат документи. Но, кога полициајците дошле во Општината било констатирано дека не се изнесувала никаква документација туку лични предмети.

    „По извршениот разговор со градоначалникот Стевче Јакимовски утврдено е дека тој се подготвувал за изнесување на лични предмети од неговиот кабинет, заради примопредавање на функцијата. Бидејќи не е потврдено сознанието за сторено кривично дело ‘фалсификување или уништување на деловни книги’, поради кое СВР Скопје постапуваше ,полициските служеници се повлекоа“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Градоначалникот Стевчо Јакимовски, веднаш потоа на прес-конференција рече дека алфите упаднале во општината без никаква причина.

    „Ова е голем блам на полицијата. Не се изнесуваа никакви документи. Некој сабајлево на моите колеги им дојавил дека примопредавањето ќе биде денеска во 13.30 часот и тие почнале да ги пакуваат личните работите во мојот кабинет, пехари, благодарници, слики, пијалоци. Јас таму имам лични документи, лични предмети оти тука бев осумипол години. На лице место можевме да ја видиме ефикасноста на полицијата на Зоран Заев. Два дена не можат да ги најдат оние шо сакаат да нè колат. А денес експресно дојдоа дури и алфи, и забранија влез во општината, за потоа да дојдат инспектори од стопански криминал и да констатираат дека ние си развојуваме што е лично од она што е општинско и ми се извинија“, рече Јакимовски.

    Стевчо Јакомовски на локалните избори изгуби од кандидатот на СДСМ Стефан Богоев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира