Владата треба да дава пари на невладините организации, но не треба да бидат купени со тие пари, смета Драги Рашковски, генерален секретар на Владата.
„Финансиите се лимитирани според буџетските можности, меѓутоа каква било друга помош секогаш ќе биде укажана ако е во насока на јакнење на јавниот интерес. Од нас, освен што ќе барате парични средства, барајте и друг вид помош“, рече Рашковски, на денешната конференција „Предлог-модел за државно финансирање на граѓански организации во Македонија“, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Александар Кржаловски од МЦМС, рече дека досега на оглас завршувале само 250 илајди евра за мали проекти до пет илјади евра.
Учесниците на конференцијата повикаа дека е потребно државата да го зголеми државното финансирање на граѓанските организации, да има отворен повик, јасни критериуми и да се формира независна комисија која ќе ги оценува проектите, но и да се следи како парите се користат и организациите што ги користат да даваат отчет за ефектите како и за својата работа со доделените средства.
ВЛАДАТА ТРЕБА ДА ФИНАНСИРА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, А НЕ ДА ГИ КУПУВА СО ТИЕ ПАРИ, ВЕЛИ ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА РАШКОВСКИ
27 октомври 2017
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)