СУДСКИОТ СОВЕТ НА 8 НОЕМВРИ ЌЕ ЈА РАЗГЛЕДА ОСТАВКАТА НА РИБАРЕВ

    СУДСКИОТ СОВЕТ НА 8 НОЕМВРИ ЌЕ ЈА РАЗГЛЕДА ОСТАВКАТА НА РИБАРЕВРибарев на 25 октомври си поднесе оставка од в.д. претседател на Основниот суд 1, со барање Советот да го разреши и тој да се врати назад во Врховниот суд како граѓански судија на местото од кај што дојде.(Фото:СДК.МК)

    Судскиот совет за 8 ноември ја закажа 226 седница, на која на дневен ред е разгледување на оставката на в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев, усвојување на конечната ранг листа за кандидати за претседател и донесување одлука за избор на нов претседател.

    Рибарев на 25 октомври си поднесе оставка од в.д. претседател на Основниот суд 1, со барање Советот да го разреши и тој да се врати назад во Врховниот суд како граѓански судија на местото од кај што дојде. Тој на ова место беше од мај.

    Рибарев ја напушти функцијата в.д. претседател, кога Основниот суд Скопје 1 требаше брзо и непречено да ги оцени обвиненијата за „Тврдина“ и „Таргет“ и да го комплетира предметот за екстрадиција на уапсените во Солун Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

    „В.д. претседателот на Основен суд Скопје 1 Стојанче Рибарев на 20.10.2017 година до Судскиот совет на Република Македонија достави писмено известување дека од тој ден се наоѓа на отворено боледување и дека негова замена ќе биде судијата Диана Груевска Илиевска. На 25.10.2017 година Рибарев до Судскиот совет достави писмено известување дека поднесува оставка на функцијата в.д. претседател на Кривичниот суд и по неговото разрешување да продолжи да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд. Според наводите во известувањето, причините за поднесувањето на оставката се од лична природа“, соопштија мината недела од Судскиот совет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира