Вангел Андрески е нов в.д. директор на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар.
Андрески доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Саша Богдановиќ, кој стана градоначалник на Општина Центар.
Градоначалникот Богдановиќ вчера го именуваше Андрески за вршител на должноста директор на јавното претпријатие сé додека не биде назначен нов директор на претпријатието.
Вангел Андрески во изминатите четири години ја извршуваше функцијата помошник директор за економско финансиски работи во ЈП „Паркинзи“ Општина Центар.
А. АНТЕВСКА