ШВЕДСКА ИМА 65.000 АТОМСКИ ЗАСОЛНИШТА, НО ЌЕ ГРАДИ НОВИ ВО СТРАВ ОД РУСИЈА

    ШВЕДСКА ИМА 65.000 АТОМСКИ ЗАСОЛНИШТА, НО ЌЕ ГРАДИ НОВИ ВО СТРАВ ОД РУСИЈАВо моментов, Шведска има доволно простор да засолни седум милиони жители, но тоа остава три милиони беа заштита во случај на нуклеарен напад (Фото: СвД)

    Скандинавија, можеби, не е на патот на евентуална размена на нуклеарни проектили помеѓу САД и Северна Кореја, но имајќи ги предвид заканите и засилените вежби на руската армија, сака да биде подготвена за секое сценарио.

    Од таа причина, шведската влада најави дека сака да ја прошири својата мрежа на атомски засолништа, објави сајтот „Локал“.

    Во моментов, Шведска има 65.000 вакви засолништа, што е доволно простор за седум милиони жители, но тоа остава три милиони беа заштита во случај на нуклеарен напад.

    Швајцарија го има сфатено овој проблем уште посериозно, па иако има помалку население од Шведска, има изградено четири пати повеќе засолништа. Во Швајцарија, исто така, секоја куќа мора да има засолниште во подрумот, одлука која беше потврдена од парламентот по катастрофата во Фукушима во 2011 година.

    До неодамна, малкумина Швеѓани ја знаеле локацијата на најблиското засолниште во своето маало, а самата држава престана да ги гради пред 15 години. Потоа дојдоа иранската нуклеарна програма, инцидентот во Фукушима, тестовите на Северна Кореја и Доналд Трамп, но загриженоста на Шведска најмногу доаѓа од руските воени вежби.

    Се очекува најголем број нови засолништа да бидат изградени на островот Готланд, каде што последниве години се засилува воената одбрана од потенцијална инвазија на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира