ОПШТИНА БИТОЛА БЕЗ КОКТЕЛ ЗА 4 НОЕМВРИ, ПАРИТЕ ГИ ДАДЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА АУТИЗАМ

    ОПШТИНА БИТОЛА БЕЗ КОКТЕЛ ЗА 4 НОЕМВРИ, ПАРИТЕ ГИ ДАДЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА АУТИЗАМ30.000 денари наместо да бидат потрошени за коктел ќе се донираат во Центарот за деца со аутизам. - Од одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот во Центарот за култура во Битола. (Фото:СДК.МК)

    Триесет илјади денари наместо да бидат потрошени за коктел за вчерашната свеченост по повод 4–ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот, Општина Битола одлучи да ги донира во Центарот за деца со аутизам.

    Ова беше соопштено за време на вечерашната прослава на празникот во Центарот за култура во Битола. По завршувањето на културната програма и доделувањето на општинските признанија, присустните беа почестени со пијалак, а храна не се служеше.

    Претходните години редовно се организираше коктел за 4-ти Ноември, а годинава Општината одлучи наместо да дава пари за ордевери и канапеа, парите да ги искористи за добротворни цели.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира