ЕУ ДА НАПРАВИ ПОВЕЌЕ ЗА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ, ПРОТЕСТ НА НОВИНАРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН НА САМИТОТ ВО ТИРАНА

    ЕУ ДА НАПРАВИ ПОВЕЌЕ ЗА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ, ПРОТЕСТ НА НОВИНАРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН НА САМИТОТ ВО ТИРАНАСимболичниот протест инициран од српските новинари се случи за време на панел дискусијата по обраќањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Јан. (Фото: СДК.МК)

    На самитот на новинари од Западен Балкан во Тирана утринава се одржа тивок протест како порака до бирократите од Европска унија. Протестот со црни маички беше инициран од српските новинари, а им се приклучија колегите од регионот, кои ги делат истите проблеми. Покрај новинарите, на самитот се присутни и многу бирократи од Брисел.

    „Вака изгледа кога нема слободни медиуми. ЕУ да направи повеќе за слободата на медиумите. Борба против медиумската темница“, пишуваше на црните маички.

    Симболичниот протест се случи за време на панел дискусијата по обраќањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Јан, кој кажа дека слободата на медиумите е критериум за влез во ЕУ за земјите кандидати. Пред него зборуваше и албанскиот премиер Еди Рама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира