ИТАЛИЈА НЕ ОДИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО И ОСТАНА БЕЗ СВОЈАТА ИКОНА ЏИЏИ БУФОН

    ИТАЛИЈА НЕ ОДИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО И ОСТАНА БЕЗ СВОЈАТА ИКОНА ЏИЏИ БУФОНКрај на 20-годишната репрезентативна кариера каков што најмалку посакуваше. - Џиџи Буфон (Фото: Гети)

    Претстојното Светско првенство во Русија ќе помине без четирикратниот шампион Италија.

    Шведска приреди мала сензација, откако одигра 0:0 на реваншот од дополнителните квалификации во Милано, со што ја одбрани предноста од 1:0 од првата средба во Стокхолм.

    На тој начин, Италија ќе пропушти светско првенство за првпат по пауза од 60 години, а легендарниот голман Џиџи Буфон нема да има шанса да стане рекордер со настап на шест мундијали.

    Триесет и деветгодишниот Буфон беше силно емотивен за време на интонирањето на химните и ова се покажа негов последен, 178. настап во дресот на италијанската репрезентација, со која стана светски првак во 2006 година. Тој претходно имаше најавено повлекување по Мундијалот во Русија наредната година.

    Не ми е жал за мене, туку за италијанскиот фудбал воопшто. Потфрливме во нешто што значеше многу на национално ниво. За тоа единствено жалам по завршувањето на средбата. Го напуштам италијанскиот тим и ве гушкам сите, особено оние кои го делеа ова прекрасно патување со мене“, изјави Буфон по мечот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира