Седницата на собраниската Комисија за европски прапања на која ќе се разгледуваат амандманите што ги спремаат и власта и опозицијата најверојатно ќе се оддржи на 22 ноември- Ден на албанската азбука, најави претседателот на Комисијата Артан Груби.
„Се надевам дека законот за употреба на јазиците ќе биде изгласан до крајот на годината. Со законот ќе се постигне јазична еднаквост во Република Македонија помеѓу македонскиот и албанскиот јазик во сите органи на државната управа“, рече Груби.
Пратеникот на ДУИ Груби рече дека сите спорни прашања во законот се доставени до Венецијанската комисија, како што се парите, униформата на војската и полицијата, и затоа не гледа потреба од амандманска интервенција во законот.
И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат амандмани за подобрување на законот за употреба на јазиците пред собраниската Комисија за европски прашања.
Г. ТРПЕНОСКИ