ИВАНОВ ГИ ПРЕДЛОЖИ ДАРКО КОСТАДИНОВСКИ И ОСМАН КАДРИУ ЗА НОВИ УСТАВНИ СУДИИ

    ИВАНОВ ГИ ПРЕДЛОЖИ ДАРКО КОСТАДИНОВСКИ И ОСМАН КАДРИУ ЗА НОВИ УСТАВНИ СУДИИКадриу и Костадиновски се предложени на местото на Наташа Габер-Дамјановска и Гзиме Старова, на кои мандатот им истече минатиот месец. - Универзитетскиот професор Осман Кадриу

    Претседателот Ѓорге Иванов ги предложи Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за нови судии на Уставниот суд на Република Македонија, објави државната агенција МИА.

    Согласно неговите овластувања, тој ги доставил предлозите за двајца нови судии до Собранието.

    Дарко Костадиновски е доктор на правни науки од областа на меѓународното право и во последните 16 години ја извршуваше функцијата советник за надворешна политика во кабинетот на претседателот на Република Македонија.

    Д-р Осман Кадриу доаѓа од академската заедница како професор на Факултетот за правни науки на ФОН, а зад него е и долгогодишен стаж во Општинскиот суд во Кичево и во Републичкиот судски совет.

    Тие треба да ги заменат Наташа Габер-Дамјановска и Гзиме Старова, на кои мандатот им истече минатиот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира