Холандски професори ќе ги обучуваат македонските лакари и медицински сестри за најновите методи за третман на ризични бремености и предвреме родени бебиња во ризична состојба. На обуките кои почнаа денес и ќе траат до сабота, над 250 гинеколози, педијатри, акушери, неонатолози, лекари од интензивна нега и медицински сестри, ќе можат да се стекнат со знаење за најновите методи за клиничка дијагностика и за пред натална и пост натална грижа. Овие обуки се реализираат во рамки на проектот ПериМак, кој го спроведуваат Министерството за здравство, ХОПЕ Македонија и ХОПЕ Германија, а се поддржани од АД Алкалоид Скопје.
„Обуките денес, утре и задутре се оддржуваат во хотелот Александар Палас, а во петок и сабота во Министерството за здравство. Реализација на проектот ПариМак почна лани, а негова основна цел е да се зголеми со него треба да се стапката на преживување кај пред време родените бебиња во Македонија, во одредени тежински групи и до 30 отсто“, велат од ХОПЕ Македонија.
Досега во рамките на проектот реализирани се активности за подобрување на условите, капацитетите и експертизата во специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир и во Универзитетската Клиника за Детски болести, Скопје – оддел за интензивна нега.
„Овие активности се преземени за да се создаде Перинатален центар на извонредност. Една од целите на проектот е да се овозможи на медицинскиот кадар во болниците да третираат специфични патологии и состојби на високоризични бремености, како и прематурни и ризично родени новороденчиња што поефикасно. Најсовремена медицинска опрема во вредност од околу милион евра веќе е донирана, од проект ХОПЕ Германија во двете болници, и мал дел во клиничка болница во Тетово. Неколку доктори од идните експертски центри веќе поминаа обуки од по неколку недели во болници во Амстердам и во Бон“, велат од проектот ПериМак.
Во план е во овој проект до крајот на следната година да се вклучи уште една болница.
Проект ХОПЕ, основана 1958 година, а во Македонија е присутна од 1993 година, е интернационална невладина организација чија цел е спасување животи и подобрување на здравствена грижа, со посебен акцент на здравјето на жени и деца.