СЈО ЈА ДОБИ ПРВАТА ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ТРАГИТЕ ОД ПРИСЛУШУВАЊЕТО

    СЈО ЈА ДОБИ ПРВАТА ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ТРАГИТЕ ОД ПРИСЛУШУВАЊЕТОСпецијалните обвинителки Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска на прес-конференција во СЈО. (архивска фотографија)

    Специјалното јавно обвинителство денеска ја доби првата правосилна пресуда од сите случаи што ги поведе откако е основано, објави СЈО. Условна осуда доби обвинет од предметот „Тврдина и Таргет“ кој признал вина. Судската постапка за ова лице е завршена тајно поради заштита на неговата безедбност, бидејќи ова лице, освен што ја признало вината, дало придонес и во докажувањето на делот со бришењето на логовите од прислушувањето во УБК, како што утврди странски експерт.

    Оваа постапка, водена издвоено, е почната и завршена без присуство на јавноста во Основниот суд Скопје 1.
    Во „Тврдина и Таргет“ се обвинети избеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во екстрадициски притвор во Солун, како и Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, меѓу другите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира