НЕ СЕ ЗАМАРАЈТЕ СО ИСТОРИЈА, РАДУВАЈТЕ МУ СЕ НА ЖИВОТОТ, КАЖА БОЈКО БОРИСОВ ВО СТРУМИЦА

    НЕ СЕ ЗАМАРАЈТЕ СО ИСТОРИЈА, РАДУВАЈТЕ МУ СЕ НА ЖИВОТОТ, КАЖА БОЈКО БОРИСОВ ВО СТРУМИЦАПремиерите Борисов и Заев се шегуваа дека соработничките им се слатки поради сличните презимиња на министерките Екатерина Захариева и Радмила Шекеринска. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека луѓето од Македонија и Бугарија не треба да се оптоваруваат со историја, туку да му се радуваат на животот, бидејќи, како што кажа, ниту Бугарите ќе дојдат во Македонија, ниту Македонците во Бугарија. Борисов упати ваква порака на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Зоран Заев по заедничката владина седница на двете влади во Струмица.

    „Историјата ни е илјадагодишна, може секој да спори и да тврди кој е постар. Историчарите треба да се занимаваат со тоа. Ние со колегата Заев сакаме да решаваме практични прашања. Вие сте млади луѓе, не се замарајте, радувајте се на животот. Ниту ние ќе дојдеме да живееме тука, ниту вие кај нас. Можеме само да си го направиме животоt поубав“, кажа Борисов.

    Борисов се наврати и на војните во распадот на бивша Југославија и рече дека вчерашната пресуда на Ратко Младиќ потсети какви ужасни работи се случуваат ако политичарите тргнат по тој пат.

    „Сакаме по многу години спокојно да си го пиете кафетo, во Софија или во Скопје на Вардар. И ако тогаш се сетите на нас, добро. Ако не се сетите, пак добро“, додаде бугарскиот премиер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира