Попладнево во меувачница во скопската населба Кисела Вода дошло до вооружена престрелка, јавуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК очевидци на настанот.
Тие раскажуваат дека две лица влегле во менувачницата, а човекот што бил внатре пукал во нив. По пукотниците две тела останале да лежат на подот.
Пред менувачницата во моментов има големо полицсико обезбедување и три амбулантни возила.
Во МВР официјално велат дека имало инцидент. Не потврдуваат за можни жртви. Велат дека екипи се на терен и наскоро ќе излезат со повеќе детали.
А. АНТЕВСКА