УБИЕН БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЈЕМЕН, КОЈ ВЛАДЕЕШЕ СО ЗЕМЈАТА 25 ГОДИНИ

    УБИЕН БИВШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЈЕМЕН, КОЈ ВЛАДЕЕШЕ СО ЗЕМЈАТА 25 ГОДИНИДве години војуваше заедно со Хутите, па ги предаде. - Али Абдула Салех (Фото: ЕПА)

    Поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех, кој владееше со земјата 25 години и имаше клучна улога во актуелната граѓанска војна, е убиен во главниот град Сана, објавија хутските бунтовници.

    Телевизијата „Масира“ ја објави веста за смртта на „лидерот на предавниците“, кој сѐ до пред една недела беше сојузник на Хутите. Таа, истовремено, прикажа снимки со телото на 75-годишниот Салех, чија смрт беше потврдена и од официјални лица од неговата партија. Тој, наводно, бил разнесен заедно со куќата во којашто престојувал.

    Приврзаниците на Салех се бореа заедно со хутските бунтовници во двегодишната војна против силите на сегашниот претседател Абдрабу Мансур Хади, кого го поддржува Саудиска Арабија.

    Салех неочекувано направи голем пресврт минатата недела, кога го поддржа Хади, со цел неговата коалиција да прекине со нападите и со блокадата на државата, што предизвика хуманитарна катастрофа, во којашто 20 милиони луѓе останаа без храна и лекови.

    Во војната во Јемен досега загинаа 8.670 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира