СУДИЈКАТА ОД „БОМБИТЕ“ ЛАЛИЧИЌ СЕ ИЗЗЕМА ОД СУДЕЊЕТО НА ЛАТАС

    СУДИЈКАТА ОД „БОМБИТЕ“ ЛАЛИЧИЌ СЕ ИЗЗЕМА ОД СУДЕЊЕТО НА ЛАТАСОбвинетиот Драган Павловиќ Латас пред да влезе во судница за предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство. (Ѓ. Личовски)

    Судечката судијка Софија Ефремова Гаврилова на денешното рочиште за предметот на СЈО „Тотал“, каде што обвинет е Драган Павловиќ Латас, кажа дека судијката Сафија Лаличиќ побарала да биде изземена, па нејзино место е назначена друга втора судијка, Лидија Зимбовска.

    Судијката Лаличиќ стана позната во јавноста по нејзиниот разговор со ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, објавен во „бомбата“ за правосудството од поранешната опозицијата на 19 март 2015 година. Од тој разговор произлезе фразата „сваровски судство“, која што стана синоним за нефункционирањето на македонската правна држава. Во продолжение е извадок од транскриптот на „бомбата“, во кој што се споменува и судијката Лидија Петровска:

    СЛ: Како!? Добро. А што сакав да те прашам. Другите кои ги договоривте?
    СМ: Уште една таа од КС, како се викаше?
    СЛ: Лидија Тупанчевска, ме зезаш?
    СМ: Не, Петровска бе, не Тупанчевска.
    СЛ: Тупанчевска се презива, таа му е на Тупанчевски братучетка.
    СМ: А?
    СЛ: Тоа и е моминско, и е Тупанчевска, Петровска и е од мажот.
    СМ: Аха. Иначе која е, како е она?
    СЛ: Па на Тупанчевски му е братучетка. Е значи го испуши кај Лидија, и го испуши. Значи цел Сваровски и го купи и го испуши.
    СМ: Она ја предложи оваа, ама ако не, можам да ја откачам ја.
    СЛ: Е што, она пушеше кај Лидија секој ден Сварсовски поклони и купуваше. И ја купи Лидија за поклоните сега…сум ти кажала за Тупанчевска уште пред година дена, нели сум ти кажала за Тупанчевска да памтиш.
    СМ: Добро ајде нема везе ако му е братучетка. Имам ја братучеди што не ги ни познавам.
    СЛ: И добро, друг?
    СМ: Толку е што.
    СЛ: Е па три места има.
    СМ: Е па третото слободно е, до понеделник.
    СЛ: Што збориш бе?
    СМ: Каква е таа, кажи ми?
    СЛ: На Тупанчевски му е братучетка. Јас многу фино стојам со неа, коректна е. Ама многу пуши, многу лиже г`зови, вештачка е. Кај мене не знаеш, она почна да ме части, бесплатни козметички работи…
    СМ: Ама сега, ќе ја викам ја неа кај мене, ќе ја видам ја, тоа неможе да пројде така.
    СЛ: Ти не знаеш каков г`золижач е. Мене ме частеше ваучери за да идам на козметичари за да ме купи за ова.
    СМ: Таа утре ќе се сврти, а?
    СЛ: Таа? А бе како да ти кажам. А бе за Вики на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа?


    Првото рочиште за предметот „Тотал“ се одложи за в четврток, бидејќи одбраната не назначила адвокати на фирмите, чиј управител е Латас „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ.

    СЈО го презентираше случајот „Тотал“ на прес-конференција на 23 март. Случајот е за даночно затајување против Драган Павловиќ – Латас како сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ. Обвинетиот се товари дека за даночните години од 2008 до 2015, со намера тој и правните лица да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давал лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјади евра, а физичкото лице за 63 илјади евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира