ШТИП ПОТСХУМНО МУ ДОДЕЛИ ОРДЕН „СВ.НИКОЛА“ НА КИРО ГЛИГОРОВ

    ШТИП ПОТСХУМНО МУ ДОДЕЛИ ОРДЕН „СВ.НИКОЛА“ НА КИРО ГЛИГОРОВПоглед кон тврдината Исар од маалото Стар Конак, каде се родил Киро Григоров (Фото: СДК.МК)

    Штип постхумно ќе го награди првиот македонски претседател Киро Глигоров со орденот „Св. Никола“ што секоја година се доделува по повод патронатот на градот – 19 декември. Наградата ќе биде доделена на празничната академија, што ќе се одржи во соборниот храм „Св. Никола“ во Штип.

    „Ние како сограѓани на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров имаме должност да ги зачуваме од заборав неговите големи достигнувања, да покажеме доблест и капацитет да му го обезбедиме вистинското место во историјата на нашата земја. Киро Глигоров е највпечатливата биографија во современата македонска историја рече градоначалникот на Штип Благој Бочварски, кој денес и официјално ги соопшти имињата на добитниците на орденот „Св. Никола“ и признанијата „19 декември“.

    Носители на признанијата се актерките од Штип Наташа Петровиќ која играше во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски и Сања Арсовска, со повеќе филмски и телевизиски серии, спортистот Бобан Николов и бизнисменот Трајан Ангелов.

    Досегашни добитници на орденот се: владиците Стефан и Иларион, докторите Сашко Кедев, Илија Џонов, Методија Чепреганов и Жан Митрев и политичарите Срѓан Керим и Никола Груевски.

     

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира