ПОЧИНА СТАМЕН ФИЛИПОВ, РЕКОРДЕР ПО ПОДНЕСЕНИ ИНИЦИЈАТИВИ ДО УСТАВНИОТ СУД

    ПОЧИНА СТАМЕН ФИЛИПОВ, РЕКОРДЕР ПО ПОДНЕСЕНИ ИНИЦИЈАТИВИ ДО УСТАВНИОТ СУДФилипов поднесе 1.200 претставки за оценување на уставноста на законски одредби и разни решенија, а од нив му биле прифатени 308. (Фото: Фејсбук)

    Стамен Филипов, пензиониран правник од АРМ со чин потполковник, познат каков човекот што поднел најмногу претставки до Уставниот суд на РМ, почина вчера на 74-годишна возраст, објави агенцијата „Мета“.

    Во текот на своите пензионерски денови, Филипов поднесе 1.200 претставки за оценување на уставноста на законски одредби и разни решенија, а од нив му биле прифатени 308.

    Од нив, 239 законски одредби се укинати или поништени, од кои 9 закони во целина и 65 подзаконски прописи, а 32 подзаконски прописи укинати во целина. За 569 негови иницијативи, судот не почнал постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира