ЏЕРЕД ЛЕТО ПОБАРА ОД БОЈКО БОРИСОВ ДА НЕ ГРАДИ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА ПИРИН

    ЏЕРЕД ЛЕТО ПОБАРА ОД БОЈКО БОРИСОВ ДА НЕ ГРАДИ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА ПИРИНСе вклучи во кампањата за спас на неколку векови старите шуми во националниот парк Пирин. - Џеред Лeто; Бојко Борисов (Фото: Варајети/СДК.МК)

    Холивудската ѕвезда Џеред Лето се придружи на кампањата за спас на планинскиот масив Пирин, при што му испрати писмо на бугарскиот премиер Бојко Борисов, барајќи од него да преземе нешто по ова прашање.

    Оскаровецот Лето ја сподели својата порака и на Твитер, каде што има речиси пет милиони следбеници. Таа потоа беше споделена од илјадници негови фанови.

    „Придружете ѝ се на кампањата за спас на неколку векови старите шуми во националниот парк Пирин, кои се во опасност од сеча и од ширење на скијачките терени. Проширете го зборот“, напиша Лето на Твитер.

    Во своето писмо до Борисов, тој побара од него да се вклучи во случајот и да ги заштити шумите и природата на Пирин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира